О'Брајан: И Кина се вклучи во предизборни хакерски напади
Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Роберт О’Брајан, изјави дека „хакери поврзани со кинеската влада“ ја напаѓаат американската изборна инфраструктура пред претседателските избори закажани за наесен, пренесе Ројтерс.
О’Брајан предупреди на наводно поактивно кинеско мешање во американските избори.
„Кина, како Русија и Иран, се вклучи во напади преку интернет, фишинг и слично, во однос на нашата изборна инфраструктура, веб-страниците...“, изјави О'Брајан во емисија на Си-Би-Ес, пренесе Ројтерс.
САД обвини кинески хакери за напад на компании кои работат на вакцина против ковид-19
Изјавата, објавува Ројтерс, е чекор подалеку од соопштението издадено од Кабинетот на директорот на Националната разузнавачка заедница (ОДНИ) во петокот, во која се вели дека Кина ги проширува своите напори за влијание и дека Русија веќе се обидува да ја поткопа кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден.