Путин вели дека Русија има вакцина против ковид-19, но сомнежите растат
![Путин вели дека Русија има вакцина против ковид-19, но сомнежите растат](https://gdb.rferl.org/A39AEA4A-160D-478E-A761-8F0156144152_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија стана првата земја што одобри вакцина ковид-19, која има потенцијал да ја смести Русија во првите редови на глобалните напори за ставање крај на смртоносната пандемија на коронавирусот. Но, со оскудни информации, нецелосно тестирање и без меѓународен надзор, како што пишува Метју Луксмор, скептицизмот се шири. Еве поглед како се развива вакцината во Русија, зошто е контроверзна - и дали е прерано за медицинските истражувачи на Русија да бараат Нобелова награда.