Заев и Ахмети имале „конструктивна работна средба“
![Заев и Ахмети имале „конструктивна работна средба“](https://gdb.rferl.org/F3B2A38F-F6E3-4C90-87AD-83E44EA23D5A_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото, стои во заедничкото соопштение од СДСМ и од ДУИ, по денешната средба, на која учествуваа претседателите на партиите Зоран Заев и Али Ахмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.
Заев е мандатар, преговорите за мнозинство продолжуваат
Разговорите меѓу двете партии, се наведува во соопштението, ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари.
Ова е прва средба меѓу Заев и Ахмети откако претседателот Пендаровски денеска му го додели мандатот за формирање влада на Заев.