Времето денеска- облачно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 31 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 30 степени.