Образованието постојано во реформи, а на крај пак на исто ниво
Стратегијата за образованието којашто се носи во период од десетина години мора да биде поставена на цврсти темели. Било која власт да дојде не смее да менува она што е договорено. Не може секоја власт да прави експерименти, да има поинаква визија од претходната и тоа што било порано ништо не чини и ајде сега ќе почнуваме од нула, вели претседателот на Синдикатот на образование, наука и култура(СОНК), Јаким Неделков во интервју за Радио Слободна Европа. Тој зборува за образованието во услови на пандемија, за малите одвојување од буџетот за образование, за состојбите во училиштата и вреднувањето на знаењето.