Нови 87 случаи на заболени со коронавирус, пет починати
Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу од новозаболените се во Скопје 34, а потоа следуваат Гостивар со 20, Куманово со 13, Тетово со осум, Кавадарци со четири ново заболени, Кичево со три, Струмица двајца и Струга, Битола и Берово со по еден нов регистриран случај.
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје на 49, 27 и 74 години, пациентка од Струга на 53 години и пациентка од Берово на 57 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.
СЗО-рекорден број новозаболени од коронавирус во светот
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент. Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид-19. . Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.