Едно лице осудено, тројца ослободени за убиството на екс либански премиер
![Едно лице осудено, тројца ослободени за убиството на екс либански премиер](https://gdb.rferl.org/74523837-320a-4776-b8fd-d5fc18ee331e_cx0_cy12_cw0_w800_h450.jpg)
Специјалниот трибунал за Либан со седиште во близина на Хаг, Холандија денеска прогласи припадник на Хезболах за виновен за заговор за убиство на поранешниот либански премиер Рафик ал Харири во бомбашки напад во Бејрут во 2005 година, но ослободи тројца други обвинети за учество, поради недостиг на докази.
На обвинетите им се судеше во отсуство. Обвинителството во голема мера го засноваше случајот на податоци од мобилни телефони кои наводно биле користени од обвинетите за да се организира нападот.
Судиите соопштија дека се „задоволни од разумното сомнение“ и дека доказите покажуваат оти главниот обвинет, Салим Jамил Ајаш, поседувал еден од шесте мобилни телефони што ги користела групата и пресудија дека тој е виновен за извршен терористички напад и за убиство. Не е познато каде се наоѓаат Ајаш и другите тројца обвинети, Хасан Хабиб Мери, Хусеин Хасан Ониси и Асад Хасан Сабра.
„Доказите докажаа дека Ајаш имал поврзаност со Хезболах“, рече судијата Мишелин Барзи, кој ја читаше пресудата од 2.600 страници.
10-годишнина од убиството на таткото на поранешниот либански премиер
Судиите соопштија дека не пронашле докази дека раководството на Хезболах или сириската влада, поддржана од Иран, учествувале во нападот на 14 февруари во 2005 година, во кој загинаа 21 лице.
Убиството на Харири, еден од најпознатите либански сунитски муслимански политичари, предизвика бес низ целата земја која беше на работ на граѓанска војна. Судскиот процес започна во 2014 година.