Регистрирани 429 прекршоци за неносење заштитна маска
МВР информираше денеска дека за неносење лична заштита на лице регистрирани се 429 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.
До граѓаните од Министерството за внатрешни работи апелираат да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.