Заболени 156, оздравени 76 и починати 6 лица од коронавирус
![Заболени 156, оздравени 76 и починати 6 лица од коронавирус](https://gdb.rferl.org/FA0D19F7-6785-4ACD-9BA5-4C39E623B5AE_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство во изминатите 24 часа регистрира нови 159 случаи на заболени од коронавирус, при што оздравени се 75 пациенти, а починати се шест лица. Направени се 1.733 тестирања, а бројот на новозаболени е најголем во Скопје каде има 32 случаи, по што следуваат Куманово со 25, Гостивар со 22 и 15 во Струга.
Од починатите пациенти сите се на возраст над 60 години. Најстариот има 85 години, а најмладиот 61 година. Четворица од починатите се од Скопје на возраст од 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент е од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Петмина се починати во болнички, а еден вон болнички услови.
Коронавирус на Балканот-секаде трицифрени бројки
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13.458, бројката на оздравени пациенти е 10.052, а на починати 563. Активни се 2843 случаи.