Заев: Прво избор на собраниски потпретседатели, па предлог за Влада
Прво Парламентот мора да го утврди бројот на неговите потпретседатели и да се изберат, па потоа предлогот за составот на новата влада ќе биде доставен изјави мандатарот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Тој во изјава за ТВ21 вели дека треба да се верифицира и мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите.
„Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до Парламентот“, рече Заев.