Пендаровски: Очекувам Влада со чисто антикорупциско досие
Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска изјави дека очекува новиот владин состав да има чисто антикорупциско досие.
„Регионот има потреба од европска перспектива и соработка за клучните прашања за неговата стабилност и безбедност. Во време на лажни вести, хибридни кампањи, добра вест е што станавме членка на НАТО, со здружени капацитети да можеме да се справуваме со дезинформациите. Новата Влада на Република Северна Македонија треба целосно да ја спроведе ЕУ агендата во клучните области. Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности, без оглед на нивната политичка или етничка припадност. Очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи“, напиша Пендаровски во своето обраќање на Фејсбук.
Новата влада, полу-нова, полу-стара
Мандатарот Зоран Заев вчера го достави до Собранието предлог составот и програмата на идната Влада. Рече дека секој кадар лично од него ќе добие мисија и конкретна цел во интерес на државата и народот.