Царовска - Шилегов: Општините да кажат за каква настава се подготвени
Mинистерката за образование, Мила Царовска, денеска информираше дека изработката на националната платформа за учење е во тест-верзија. Таа по средбата со скопскиот градоначалник Петре Шилегов истакна дека нејзе ѝ била презентирана и смета оти треба да се направи да биде што поедноставна.
„Платформата ќе биде презентирана и пред јавноста, за децата и родителите да ја имаат на дофат и пред почетокот на учебната година. Дел од училиштата се подготвени за физичко присуство и доставуваат барања, останатите се подготвуваат за учењето од далечина со нова национална платформа, која ќе биде едноставна и сите ученици ќе имаат пристап до неа“, рече министерката Царовска.
Први септември годинава се паѓа на први октомври
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов истакна дека е задоволен од разговорите што ги имаат деновиве со МОН и очекува дека ќе се донесе договор за комплексното прашање за отпочнување на новата учебна година. Тој додаде дека не сите училишта имаат исти услови, дури и на ниво на една општина и дека до 10 септември сите општини треба да го известат МОН за тоа дали имаат услови за настава со физичко присуство или за онлајн.