За 24 часа регистрирани 473 прекршоци за неносење маска
![За 24 часа регистрирани 473 прекршоци за неносење маска](https://gdb.rferl.org/F2803AE2-0C5F-4B0A-9075-A8F1C0A843F3_w800_h450.jpg)
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 473 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Казната за неносење на лична заштита за лице во затворени јавни објекти изнесува 20 евра. МВР и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.