Хероите на новото време подаруваат компјутери и училишен прибор
![Хероите на новото време подаруваат компјутери и училишен прибор](https://gdb.rferl.org/03F9A92F-3E1D-44D1-9F92-415160E9E822_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Онлајн наставата која настана како производ на пандемијата со ковид-19 отвори и нови потреби. Но не секој може да си дозволи да им обезбеди компјутер на своите деца, па затоа поединци и организации, организираат акции и донираат компјутери и школски прибор за оние кои не можат да си купат.