Руските научници велат дека вакцината против ковид-19 создава антитела
![Руските научници велат дека вакцината против ковид-19 создава антитела](https://gdb.rferl.org/9c65e786-a9a6-41f7-933d-ff58856af238_w800_h450.jpg)
Руските научници објавија резултати од раните тестови за руската вакцина Спутник V во британско медицинско списание. Во него е наведено дека раните тестови покажале оти луѓето кои ја примиле развиле антитела и дека не покажале сериозни нус појави. Руската влада ја одобри вакцината за употреба на 11 август, прва вакцина која е одобрена бев при тоа да бидат објавени дополнителни медицински податоци.
Рускиот претседател Владимир Путин веднаш по одобрувањето на вакцината изјави дека „вакцината обезбедува значаен имунитет “ и дека неговата ќерка веќе ја примила вакцината.
Ваквата состоја предизвика загриженост меѓу наичната јавност затоа што е пуштена во употреба со брзање без податоци за безбедност. Научниците велат дека првите тестови биле спроведени на премногу мали групи и тестовите биле изведувани многу кратко време за да може да покажат вистинска ефикасност.