Борел: На Белорусија ѝ треба национален дијалог
![Борел: На Белорусија ѝ треба национален дијалог](https://gdb.rferl.org/CB226527-7513-4733-831C-1E802FB2F705_w800_h450.jpg)
Белорускиот народ е решен да ги искористи своите слободи, права и демократија. На Белорусија ѝ е потребен национален дијалог за надминување на актуелната криза, изјави првиот човек на европската дипломатија Џозеп Борел, коментирајќи ги тековните протести во оваа земја, пренесе АФП.
Протестите во Белорусија продолжуваат и покрај апсењата демонстранти
“Импресивните масовни демонстрации во Минск и другите градови уште еднаш ја покажаа решеноста на белорускиот народ да ги искористи своите слободи, права и демократија. Сето тоа и покрај апсењата, заплашувањата и насилството од белоруските власти. Потребен е инклузивен национален дијалог”, напиша Борел на неговиот официјален твитер профил.
Протести против резултатите од неодамнешните претседателски избори во Белорусија речиси еден месец се одржуваат речиси секојдневно и речиси на секој протест има сериозни судири со полицијата, повредени и уапсени. На вчерашниот протест десетици илјади Белоруси маршираа низ центарот на Минск, и барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко, извинуваа: „Да живее Белорусија“ и „Срамота!“.