Пратениците во Собрание, онлајн седници само ако мора
![Пратениците во Собрание, онлајн седници само ако мора](https://gdb.rferl.org/31974734-6CD5-42F8-9B7F-7CFE1E3473EB_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Владејачкото мнозинство бара собранието да може да одржува онлајн седници, за да се овозможи функционалност и во време на пандемијата на коронавирус. Опозицијата е децидно против. Експертите со кои разговаравме препорачуваат работа онлајн само ако е нужно.