Дали преку економски може да се дојде и до политички договор меѓу Србија и Косово?
![Дали преку економски може да се дојде и до политички договор меѓу Србија и Косово?](https://gdb.rferl.org/ebcedbbb-17d4-474c-8e66-8830f7646746_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Премиерот на Косово Авдула Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ во минатата недела во Вашингтон потпишаа два документа за економските односи меѓу двете земји. Експертите оценуваат дека тоа е добар чекор, но изразуваат сомневања во остварувањето на крајната цел, помирување на страните.