За 24 часа 793 тестирања, 72 нови корона позитивни и 3 починати
Министерството за здравство попладнево информираше дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19, 54 оздравени пациенти и тројца починати.
Новите случаи со Ковид-19 се регистрирани во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3 и во Свети Николе-1.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравени пациенти. Починати се 3 лица - пациентка од Струмица (44), пациент од Гостивар (58), веднаш по прием, и еден пациент од Охрид (79). Сите се починати во болница“, соопшти Министерството.
AstraZeneca го паузира водечкото испитување за вакцина против ковид-19
Градинките отворени, да се алармира и при најмал сомнеж за корона
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.