Бомбашки напад во Авганистан, цел бил потпретседателот Салех
Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија на бомба покрај пат во Кабул, чија цел била првиот потпретседател на Авганистан Амрулах Салех, кој бил спасен без повреди, соопшти неговиот портпарол, Разван Мурад. Тој додаде дека меѓу повредените се и неколкумина од телохранителите на Салех, пренесе АП.
Ослободени 100 талибанци во Авганистан
Досега никој не презел одговорност за нападот, кој се случи пред почетокот на долгоочекуваните мировни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците во Доха. Салех, кој е поранешен шеф на разузнавањето, преживеа неколку обиди за атентат, вклучително и минатата година кога 20 лица беа убиени во напад врз неговиот кабинет.