Нови 121 случаи на ковид-19
Во последните 24 часа од направени 1410 тестирања се регистрирани 121 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје-33, Охрид-11, Крива Паланка-девет, Куманово-осум, Штип, Тетово, Струга и Битола по шест, Кочани-пет, Кавадарци и Гостивар- по четири, Велес, Гевгелија, Струмица и Делчево по три, Свети Николе и Прилеп по два, Радовиш, Крушево, Македонски Брод, Берово, Валандово, Виница и Кичево по еден случај.
Институтот за јавно здравје, како што соопшти Министерството за здравство, денеска регистрира 142 оздравени пациент.
Починати се три лица, двајца пациенти од Прилеп на 63 и 83 години и еден пациент од Струга на 60 годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.
За 24 часа регистрирани 473 прекршоци за неносење маска
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15414, бројката на оздравени пациенти е 12896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881.