Анкара не очекува европски санкции за спорот во Медитеранот
![Анкара не очекува европски санкции за спорот во Медитеранот](https://gdb.rferl.org/4c9da959-2486-4b0a-a2f4-d960d141753b_cx49_cy21_cw50_w800_h450.jpg)
Турција не очекува санкции од Европската унија (ЕУ) поради спорот со Грција за територијалната припадност на источниот дел на Средоземното море, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека сепак таквата можност не може да се исклучи.
Тој повтори дека Турција е отворена за безусловни разговори, но додаде дека бродот за сеизмичко истражување ќе продолжи со операциите што ги прекина вчера. Бродот, додаде тој, бил поставен во пристаништето во Анталија заради ремонт.
Грција и Кипар ја обвинуваат Турција за потрага по наоѓалишта на нафта и гас во нивните води, додека Анкара вели дека има еднакви права и на ресурсите во тие води. Турција испрати истражувачки бродови во областа, а членките на ЕУ испратија бродови за поддршка на Грција.
Макрон-Мицитакис: Дијалог со Турција ако престанат провокациите во Медитеранот
Шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, денеска рече дека не очекува лидерите на ЕУ, кои веќе се согласија за поблаги санкции против Турција, да преземат натамошни чекори во таа насока, но дека тоа не може да се исклучи.