Лукашенко - Западот се обидува да ја уништи Белорусија
![Лукашенко - Западот се обидува да ја уништи Белорусија](https://gdb.rferl.org/5394eb23-13e2-4f5b-a7b6-10534ae4f070_w800_h450.jpg)
Белорускиот претседател Александар Лукашенко го обвини Западот за обиди „да ја уништи“ неговата земја со игнорирање на резултатите од минатомесечните избори и дека се обидува да организира револуција за да ја одземе власта на авторитарниот лидер по скоро три децении власт.
Во говор пред високи претставници и државни медиуми, Лукашенко денеска рече дека тековните протести, кои ја доведуваат во прашање неговата победа од гласањето на 9 август, се организирани од САД и „нивните сателити – Полска, Литванија, Чешка и за жал Украина“ кои се обидувале да организираат таканаречена „обоена револуција“ со цел „кршење на нашиот суверенитет, дури и нашиот територијален интегритет.“
„Нема да дозволиме нивните планови да им се исполнат и нема да го дозволиме тоа“, рече Лукашенко.
Илјадници луѓе беа уапсени а претепани од полицијата додека скоро сите клучни опозициски лидери беа присилени да ја напуштат земјата или беа уапсени за време на протестите против изборните резултати, на кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.
Опозициските лидери го обвинија авторитарниот лидер за изборни нерегуларности, коишто тој ги негира.