Собраниска седница за измените на законите за образование
![Собраниска седница за измените на законите за образование](https://gdb.rferl.org/4572519A-12D9-4E92-98AD-8908743830C3_w800_h450.jpg)
Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери за денеска претпладне закажа седница на која треба да се расправа за измените на законите за основно и средно образование. Владата бара овие измени да бидат донесени по скратена постапка. Измените предвидуваат можност Владата со одлука да реши кога ќе стартува и колку ќе трае учебната година, односно остава простор наместо 9 да може да се учи само 6 месеци.
Собранието почнува тргни-застани
Од пратеничката група на СДСМ велат дека очекуваат Собранието да даде зелено светло измените да се носат по скратена постапка, а потоа да поминат и на матичната комисија за повторно да се вратат на гласање пред пратениците. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе даде поддршка на измените бидејќи не сака да бидат кочница во образовниот процес. Сепак од партијата бараат Владата да ја повлече одлуката за враќање на родителите на работа. Согласно планот, учебната година треба да стартува на 1 октомври.