Втор случај на корона позитивно дете по отворање на градинките
![Втор случај на корона позитивно дете по отворање на градинките](https://gdb.rferl.org/703689DB-5CEA-440C-B6B4-9F7CDB1FF13E_w800_h450.jpg)
Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирус, потврди за медиумите директорот, Васил Бубев.
Детете не било носено во градинката од понеделникот, а вирусот го добило од член на семејството.
„Преземени се сите мерки за заштита од ширење на вирусот, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се изолирани“, рече директорот Бубев.
Нелогични анти-корона одлуки на Владата?
Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна, одговори Владата
Шахпаска: Градинките се отворени, родителите може да одат на работа
Ова е втор случај на дете позитивно на Ковид-19 откако повторно се отворија градинките. Завчера беше регистрирано и 15-месечно бебе, позитивбно на коронавирус, во јасли во градинка во скопски Центар.