Маж пробал да се самозапали во Белорусија
Хоспитализиран е човек кој се обидел да се самозапали во близина на Минск. Белоруското министерство за внатрешни работи соопшти дека човекот чиј идентитет не е откриен, истурил врз себе си запалива течност пред полицискиот директорат и се самозапалил. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Волха Чамаданава изјави дека мажот е 36-годишен локален жител со историја на алкохолизам и кој и во минатото пробувал да изврши самоубиство.
На социјалните мрежи каде се споделува видеото, белоруските граѓани коментираат дека ова е форма на протест против претседателот Александар Лукашенко. Масовните протести кои ги оспоруваат резултатите од претседателските избори на 9 август со кои Лукашенка беше прогласена за победничка, ја зафатија Белорусија во текот на минатиот месец.