Следната недела ќе се расправа за отворање на границите во регионот
Следната недела се очекува земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција т конечно да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој синоќа, во гостување на ТВ Алсат-М, рече дека бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, властите на зејите од регионот најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата.
Од почетокот на пандемијата земјите од регионот повеќе пати ги менуваа правилата за влез и излез, зависно од развојот на ситуацијата. Бугарија веќе неколку месеци е затворена за македонските граѓани, а Грција завчера ја продолжи забраната за влез до 30 септември.
Забраната за влез во Грција продолжена до 30 септември
Очекувањата се и дека претходно ќе се укине ПЦР-тестот како услов за да се премине границата, а се очекува следната недела и координатор на македонското Министерство за здравство пред преставниците на другите држави да ја презентира состојбата во земјава со Ковид-19, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите.