Шахпаска - Капацитетот во градинките не е исполнет
Во градинките има капацитет за сместување на деца, повтори министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната прес –конференција. Анализата што ја правеле покажала дека во градинките биле слободни 19.000 места, а интерес за сместување на децата изразиле 14.555 родители.
Таа вели дека на дневно ниво прават анализи што покажуваа дека има родители кои не ги носат во градинка децата, иако се запишани.
Министерката рече дека општините, како основачи на градинките, се задолжени да понудат алтернативни решенија за сместување на деца, доколку се појави недостиг на слободни места. Во однос на алтернативните решенија, таа рече дека општините имаат можност да ги сместуваат децата во училници, дом на култура или други места. Додаде дека до крајот на годината ќе се зголемува бројот на градинките во земјава, со што ќе се зголемува и опфатот на децата.
Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна, одговори Владата
За бројот на заболените воспитувачи од градинките, Шахпаска рече дека МТСП на дневно ниво ја следи здравствената состојба на сите вработени и на децата, кои се згрижени. Додаде дека во моментов од 311 објекти, случаи има само во неколку. Министерката одговарајќи на новинарско прашање рече дека ако бројката на заразени ескалира, Владата ќе преземе мерки за заштита на здравјето на децата и воспитувачите.