Сончево и топло преку ден, наутро посвежо
Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Дневната температура ќе се движи од 24 до 29 степени.
Слично време ќе преовладува и во Скопје каде дневната температура ќе се искачи до 28-тиот степен.
Се најавува период на претежно стабилно време но со ниски утрински температури. Во вторник и во среда во западните делови можна е појава на нестабилна облачност со повремен дожд и ретки грмежи.