Вархеји побара од Албанија да профункционира Уставниот суд
Европската унија уште еднаш ги повика албанските власти да го стават во функција Уставниот суд, кој не функционира речиси три години.
Комесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји рече дека го поздравува отворањето на постапката за двете слободни места во Уставниот суд. Според него, властите треба да го поддржат овој процес без одлагање и да го завршат до Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ.
Претходно и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, порача дека Уставниот суд треба да профукнционира до крајот на годинава.