Завршни сведочења во случајот „Монструм“
![Завршни сведочења во случајот „Монструм“](https://gdb.rferl.org/4BADDEBA-97EA-4C5B-A438-3856F706CA02_w800_h450.jpg)
Последните сведоци предложени од одбраната во случајот „Монструм” денеска во Кривичниот суд Скопје, е предвидено да го дадат својот исказ. Според најавите од претходното рочиште, денеска треба да сведочат тројца сведоци, од кои еден припадник на полициската единица Алфи.
Со завршување на оваа фаза следува подготвителен период за завршни зборови.
Неуспешни екстрадиции - слаби докази и политички интереси
Повторувањето на судскиот предмет за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012 го води судиската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани. додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.