Преговорите Белград- Приштина продолжуваат в понеделник
![Преговорите Белград- Приштина продолжуваат в понеделник](https://gdb.rferl.org/46134324-AFBB-4805-9170-046440D8052D_cx0_cy6_cw57_w800_h450.jpg)
Специјалниот претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави нов круг преговори на експертско ниво в понеделник, на 28 септември.
Лајчак информира дека главните преговарачи на Белград и Приштина ќе разговараат за финансиските побарувања и имотите, но не и за Заедницата на српски општини.
Состанок на експертски тимови на Белград и Приштина
„Заедницата на српски општини нема да биде на дневен ред, бидејќи едната страна не е подготвена да разговара за тоа. Тоа прашање мора да се реши како дел од сеопфатен договор, како што беше договорено на лидерската средба “, напиша Лајчак на Твитер.