Најмалку 13 мигранти се удавиле во близина на либискиот брег
![Најмалку 13 мигранти се удавиле во близина на либискиот брег](https://gdb.rferl.org/A2A95906-1B54-4E26-8A95-5CD796D0AB5E_w800_h450.jpg)
Најмалку 13 мигранти се удавиле во близина на либискиот брег во Средоземното Море кога се превртел чамецот со кој се обидувале да стигнат до Европа, соопштија денеска ОН. Либиските рибари доцна синоќа забележале чамец кој тон и успеале да спасат 22 лица, соопшти Меѓународната организација за миграции. Меѓу спасените име мигранти од Египет, Бангладеш, Сирија, Сомалија и Гана, а најмалку 13 патници од чамецот се исчезнати и се претпоставува дека се удавиле.
Либиската крајбрежна страна трага по исчезнатите. Пронајдени се три тела, меѓу кои на еден Сириец.
Чамецот во средата вечер тргнал од градот Злитен, источно од Триполи.
Локален претставник рече дека голем број бродови со мигранти тргнува за Европа деновиве, но оти есента е опасен период за пловидба поради силните ветрови кои се појавуваат одненадеж и често се смртоносни за патниците.
По граѓанската војна во 2011 година кога беше соборен и убиен долгогодишниот претседател Моамер Гадафи, Либија стана главна транзитна точна за африканските и арапски мигранти кои преку Средоземното Море бегаат во Европа.
Поголемиот дел мигранти тргнуваат на опасното патување во лошо опремени и несигурни гумени чамци. Според податоците на Меѓународната организација за миграции од 2014 година до март годинава над 20 илјади мигранти загинале во обидот да го поминат Средоземното Море.