Девет починати и 143 нови случаи на коронавирус во Македонија
![Девет починати и 143 нови случаи на коронавирус во Македонија](https://gdb.rferl.org/0e8c917d-6bc7-42a3-968f-b0b82c564285_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
Во изминатото деноноќие се регистрирани 143 нови случаи на коронавирус во земјава, а девет луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 1504 тестирања.
Најголем број нови случаи се регистрирани во Скопје – 43, а потоа следат Куманово со 16, Кочани 15, Струмица 11, Прилеп 9, Тетово и Гостивар по 6, Свети Николе 5, Штип и Гевгелија по 4, Велес, Кавадарци, Валандово и Делчево по 3, Струга, Охрид, Виница и Кичево по 2 и по еден нов случај е регистриран во Радовиш, Пробиштип, Пехчево и во Неготино.
Македонија со највисока смртност од корона во регионот
Во истиот период има 110 оздравени.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.