ЕУ Самитот во Брисел на 1 и 2 октомври
![ЕУ Самитот во Брисел на 1 и 2 октомври](https://gdb.rferl.org/A831F6E8-FF67-4660-B127-859807D6DB33_cx40_cy6_cw54_w800_h450.jpg)
Лидерите на земјите-членки на Европската унија - ЕУ27 - ќе се соберат на Самитот во Брисел на 1 и 2 октомври, потврди денеска Кабинетот на претседателот на Европскиот совет.
Портпаролот Баренд Лејтс вели дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по втор пат добил негативен резултат на тестот на Ковид-19 и дека продолжува со подготовките за Самитот на кој претседава.
Самит на ЕУ и Западен Балкан во ноември во Софија, С. Македонија копретседавач
Самитот на лидерите на ЕУ 27 првично беше планиран за 24 и 25 септември, но беше одложен затоа што службеникот за безбедност на претседателот Мишел беше позитивен на коронавирус.