Починал емирот на Кувајт, шеикот Сабах
Емирот на Кувајт, шеикот Сабах Ал-Ахмад ал-Сабах, почина на 91 година, објави кралскиот двор. Шпекулациите за здравствената состојба на емирот траеја со месеци, бидејќи тој беше примен во болница неколку пати од минатата година.
Шеикот Сабах управуваше со арапскиот производител на нафта и сојузник на САД од 2006 година и ја водеше надворешна политика на земјата повеќе од 50 години. Наследник е неговиот брат, шеикот Наваф ал-Ахмад ал-Сабах.
Најголемата криза во Кувајт се случи во 1990 година, кога ирачкиот диктатор Садам Хусеин ја нападна земјата и ја окупираше седум месеци. Во февруари 1991 година, американските трупи и нивните сојузници упаднаа во Кувајт и набрзо ја победија ирачката армија и ја ослободија земјата.
И пред американската војска да влезе во Кувајт, шеикот Сабах и другите челници од земјата започнаа да сугерираат дека постојаното американско присуство во регионот може да им обезбеди заштита од Ирак и останатите. Денес, Кувајт е домаќин на околу 13.500 американски војници.