Османи: Ќе се интензивираат контактите со Бугарија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека македонската влада во наредниот период ќе ги интензивира контактите со Бугарија за да се изнајде решение за несогласувањата и да се избегне било каква блокада на преговорите за членство во ЕУ.
Османи во дипломатска мисија во Брисел
„Имајќи предвид дека Бугарија има голем дел од заслугите на враќање на европските перспективи на регионот, посебно преку софискиот самит во 2018, од интерес на Бугарија е да успее, и очекувам сите недоразбирања да се надминат во текот на наредниот период“, изјави Османи за МИА.
Заев: Мешовитата комисија ќе одлучува за Гоце Делчев
Според него, една земја може да го забави или да го попречи преговарачкиот процес.
„Но ние се надеваме дека нема да дојде до тоа, затоа што имаме инструменти на располагање како да се решат споровите“, истакна Османи.
Османи од вчера е во дводневна работна посета на Брисел, каде се среќава со високи претставници на европските институции.