Во Бугарија 110 деца заразени со коронавирус од почетокот на школската година
Сто и десет ученици и деца во градинка во Бугарија се заразиле со ковид-19 од почетокот на учебната година, соопшти денеска бугарското Министерство за образование. Процентот на заразени ученици е 0,01 од вкупниот број на ученици.
На ковид-19, позитивни се 74 наставници, односно 0,08 проценти, а други 140 од нив се во карантин, јави БТА.
Вкупно 201 одделение се во карантин и се префрлиле на часови преку Интернет, покажуваат податоците.
Бугарскиот министер за образование и наука Красимир Валчев рече дека физичката настава останува, а само контактите на заразените паралелки и ученици ќе учат по електронски пат, јави БГНЕС.