Парламентарни избори во Романија
![Парламентарни избори во Романија](https://gdb.rferl.org/9da041e0-52c0-4480-b0cd-46832073000e_w800_h450.jpg)
Романците денеска гласаат на парламентарните избори на кои ќе донесат одлука дали проевропските либерали ќе останат на власт кои се цел на критиките за нивното справување со пандемијата на коронавирусот.
Изборите се одржуваат по една година откако малцинската влада на Националната либерална партија ја презеде власта по распадот на кабинетот на Социјалдемократската партија по низата корупциски скандали и масовните јавни протести.
Премиерот Лудовик Орбан ги повика Романците да учествуваат на гласањето на како што рече, „фундаменталните“ избори, бидејќи набљудувачите очекуваат слаб одѕив од околу 40 отсто поради коронавирусот и разочарувањето од политиката. Говорејќи по гласањето, премиерот порача дека нема ризик од инфекција на избирачките места доколку гласачите ги следат мерките за заштита.
Претседателот Клаус Јоханис, сојузник на Орбан, пред избирачкото место во Букурешт изјави дека е исклучително важно да се учествува на изборите.
„Историски ден е да се избере подобар парламент кој ќе се занимава со проблемите на Романците и ќе донесе подобри закони за Романија“, рече тој.