Во болниците се лекуваат 1296 пациенти со ковид-19
Министерството за здравство соопшти дека во ковид- центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 873 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид- центрите.
Примени 26 нови пациенти во ковид-центрите во Скопје
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство, како што се наведува во соопштението, е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Филипче: Вакцинацијата против ковид-19 за ризичните групи е приоритет
Mинистерот за здравство Венко Филипче денеска порача дека за ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана. Тој на Фејсбук напиша дека на денешниот состанок со директорите на здравствените домови од целата држава разговарал за организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против ковид-19.