Во Албанија приведени 59 луѓе за незаконски собири и протести
![Во Албанија приведени 59 луѓе за незаконски собири и протести](https://gdb.rferl.org/d41b1c99-417f-4ad5-b712-f5f8956063ea_w800_h450.jpg)
Албанската државна полиција иформираше дека во синоќешните протести во Тирана притворени се 59 лица додека против 116 други поднесени се соодветни пријави и ќе се бранат од слобода. Според полицијата, тие се обвинети за организирање незаконски собири и протести, уништување државен и приватен имот, насилство однесување врз полицски службеници.
Државната полиција предупредува дека сите оние кои сакаат да протестираат да имаат предвид дека во ова вонредно време за човечкото здравје групирањето на повеќе од десет лица е забрането со закон и оти каква било употреба на насилство е казниво со закон. Освен во Тирана приведени се и најмалку 30 лица во други градови каде синоќа исто така имаше насилн протести.
Протести во повеќе албански градови, министерот за внатрешни поднесе оставка
Инаку, синоќа во повеќе албански градови втор ден по ред се одржаа протести поради убиството на 25-годишнот Клодијан Раша од страна на полицаец. Претходно, албанскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка. 25-годишниот Раша, бил убиен рано во вторникот во, како што е наведено, прекумерна употреба на сила од страна на еден полицаец за време на полицискиот час воведен за да спречи ширењето на коронавирусот.