Нова неизвесност околу прашањето за рудникот Иловица-Штука
Владата во 2019г. го раскина договорот за концесија за рудникот Иловица-Штука. Но, Управниот суд пресуди дека имало пропусти во процесот, со што се наметна прашањето за можно отворање на рудникот. Пратеничката Маја Морачанин од партијата ДОМ вели дека и покрај тоа рудникот нема да биде отворен.