Иран го погуби новинарот Рахулах Зам
Иран го погуби новинарот и дисидент Рухолах Зам, чија работа преку интернет помогна да бидат инспирирани економски протести на национално ниво во 2017 година.
Полу-официјалната новинска агенција ИСНА на 12 декември соопшти дека Револуционерното обвинителство на Техеран ја објавило егзекуцијата со бесење.
Егзекуцијата доаѓа неколку дена откако судството во Иран објави дека Врховниот суд ја потврдил смртната казна против 47-годишниот новинар, предизвикувајќи меѓународна осуда.
Зам во јуни беше осуден на смрт од страна на Револуционерниот суд, по што Репортери без граници судењето го нарекоа „грубо“ и „нефер.“
Тој беше осуден за „корупција на Земјата“, обвинение кое често се изнесуваше за случаи поврзани со шпионажа или обиди за соборување на иранската влада.
Интернет страницата на Зам, „АмадЊуз“, и каналот кој тој го креирал на популарната апликација за пораки Телеграм, ги информираа луѓето за протестите во 2017 година, кои започнаа поради економските тешкотии и се проширија низ целата територија на земјата.
Зам живееше и работеше во Париз пред да биде уапсен во октомври 2019 година под сѐ уште неразјаснети околности.