Нови 613 позитивни на коронавирус, 25 починати
![Нови 613 позитивни на коронавирус, 25 починати](https://gdb.rferl.org/9bdccef8-e2fc-43de-b8da-c812bd0ebcf4_w800_h450.jpg)
Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 613 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 1.837 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 73.638 луѓе. Починати се 25 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 2.121 лица.
Во моментов во земјава има 22.103 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 204, а потоа следуваат Прилеп со 27, Куманово 35, Тетово 29, Велес 24 и Битола 23...
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 364.858 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 49.414 лица од почетокот на пандемијата во февруари оваа година.