Медицинска сестра на 40 години - жртва на ковид во Македонија
![Медицинска сестра на 40 години - жртва на ковид во Македонија](https://gdb.rferl.org/3b67e7fc-ae49-4712-a186-cbe073f49b28_w800_h450.jpg)
Почина 40 – годишната медицинска сестра вработена во Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје. Таа е најмладата медицинска сестра, жртва на коронавирусот, соопшти Унијатата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС), предводена од Здружението „За нас“.
Дали Западен Балкан ќе „извиси“ во 2021 за имунизација на население во трката со богатите земји
„Вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности. “, велат од здружението.