Во САД нова тужба за монополско однесување на Гугл
![Во САД нова тужба за монополско однесување на Гугл](https://gdb.rferl.org/C47DB1F4-C0B1-4C34-9496-5430F936206C_w800_h450.jpg)
Тексас и уште девет американски држави покренаа тужба против Гугл за наводно антиконкурентно однесување, наведувајќи дека станува збор за „интернет Голијат“ кој ја елиминира конкуренцијата во рекламирање преку интернет и им штети на потрошувачите. Тужбата беше објавена вчера од јавниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, во видео објавено на Твитер. Пакстон тврди дека Гугл ја користи својата „монополистичка моќ“ за да ги контролира цените на рекламите преку интернет, да го средува пазарот во нејзина корист и да ја елиминира конкуренцијата.
Американската влада бара од Фејсбук да ги продаде Инстаграм и ВатсАп
Во тужбата се тврди и дека Гугл местел аукции за рекламирање и склучил незаконски договор со Фејсбук за да се избегне конкуренцијата. Гугл ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека цената на рекламирањето преку интернет паднала во текот на последната деценија, нарекувајќи ја една од „обележјата на високо конкурентската индустрија“. Во соопштението на компанијата се додава дека силно ќе се брани на суд.
Гугл пред најголема тужба во САД
Софтверот на Гугл одредува кои резултати да се прикажат кога корисникот поднесува барање и какви реклами се прикажуваат. Други интернет-компании како Амазон се пожалија дека Гугл ги фаворизира сопствените понуди кога потрошувачите го користат неговиот пребарувач. Во текот на првите девет месеци од оваа година, продажбата на реклами на Гугл изнесуваше скоро 101 милијарда долари, што претставува 86 проценти од вкупните приходи.