Шилегов демантира дека го плаќал своето адвокатско друштво
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го демантираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ дека како градоначалник го плаќал сопственото адвокатско друштво за консултантски услуги и рече дека со лаги и манипулации опозициската партија ја покажува својата безидејност.
Шилегов на прес-конференција рече дека Град Скопје и тој како градоначалник немаат склучено никаков договор, ниту еден денар од градската каса, рече, не е влезен во неговото адвокатско друштво.
"Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Јас земам сопствени пари од моето адвокатско друштво. Уште како пратеник во Собранието имам склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво кое ме плаќа мене. Еве го договорот во 2015 и месечниот приход кој е уредно пријавен во анкетниот лист и предаден во Антикорупцсика комисија кога станав градоначалник. За тие средства од 50.000 денари уредно плаќам данок. Ги повикувам, да се радуваат на развојот на нашиот град, на она што градот изминативе три години чекор по чекор го постигна", изјави Шилегов и покажа документи за да ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски: Градоначалникот Шилегов го плаќал адвокатското друштво Шилегов