Стоилковски: Градоначалникот Шилегов го плаќал адвокатското друштво Шилегов
Прортпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на пресс конференција изјави дека Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќал консултации за правни работи на својата адвокатска фирма.
"Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов. На Петре Шилегов малку му е платата како градоначалник на Скопје, особено што не работи ништо, па мора и хонорар да зема од градската каса! Со години, Петре адвокатот го советувал градоначалникот Шилегов за правни работи“, изјави Стоилковски.
Според партискиот портпарол, Шилегов си исплаќал по 50.000 денари месечно за консултантски услуги на адвокатска фирма.
„Или во просек, Шилегов си потпишува консултантски услуги сам на себе, за што скопјани му плаќаат околу 10.000 евра годишно. И тоа Шилегов го прави со години. Ова е класичен криминал, класичен судир на интереси, класична корупција и злоупотреба на позиција на функција“, обвини Стоилковски и додаде дека градоначалникот мора да ги врати сите пари подигнати од буџетот на име консултации од сам себе, за конечно, како што рече, часовникот за криминал и корупција да заврти во спротивна насока.