Нови 758 заразени со ковид19, 26 починати
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на ковид-19. Oд нив најмногу во Скопје-324, а потоа следуваат Прилеп-46, Куманово-43, Кавадарци-36, Гостивар-32, Охрид-28,Струга-27, Велес-26, Струмица-26, Битола-23, Штип-22, Тетово-21, Кочани-19, Гевгелија-17, Кичево-14 и Неготино-11. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје, двајца од Куманово , еден од Дебар, пет од Прилеп , еден од Струга , двајца од Битола , четири пациенти од Охрид , еден од Свети Николе, двајца од Кичево и еден пациент од Неготино. Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови. Најмладиот починат е 42 годишен жител на Скопје.
Смртните случаи од корона отворија дилеми за пропусти во болничкото работење?
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751.