Филхармонија за збогување со 2020 со концерт „Нова Година – нов почеток!“
Со идеја да креира несекојдневен настан кој ќе ги спои традицијата, класиката и џезот, Филхармонија во соработка со Здружението на џез музичари, в четврток на 24 декември, ќе го одржи својот последен годинашен концерт насловен „Нова Година – нов почеток!“. Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин.